22.8 C
Скопје
16:04 - 2 мај, 2024

Канје Вест се впушта во порно бизнис, отвора студио: Советничка му е ексљубовницата на Трамп,Сторми Даниелс

Претходно, Канје повеќе од еднаш ја призна својата љубов кон филмовите од категоријата ХХХ, а по некое време се негираше себеси и рече дека гледањето порно ја загрозува неговата духовност.

46-годишниот американски рапер Канје Вест размислува за идејата да отвори свое порно студио Yeezy Porn и моментално е во преговори со потенцијални партнери, пишува TMZ, повикувајќи се на свои извори.

Студиото ќе биде дел од поширокиот оддел за забава за возрасни на матичната компанија Yeezy.

Поточно, Вест веќе имал разговор со поранешниот сопруг на порно-актерката Сторми Даниелс, Мајк Моз. Канје се надева дека тој ќе се согласи да му биде директор на новата фирма.

Мајк работи во порно бизнисот повеќе од 10 години како продуцент, како и на кастинг и уметничка насока во истата индустрија, а зад себе има бројни познати порно дела и популарни порно филмови.

Што се однесува до тајмингот на проектот, тој би можел да биде лансиран веќе во летото 2024 година, забележуваат новинарите на ТМЗ.

Канје е прилично отворен за своите сексуални фантазии и љубовта кон порното низ годините. Тој прочитал многу сценарија за ХХХ филмови, а на оваа тема отворено зборувал и со различни жени со кои бил, вклучувајќи ја и неговата поранешна сопруга Ким Кардашијан. Дури и ја снимил во едно од неговите видеа, каде симулираат секс на мотор.

Слични објави

(Видео) Горан Бреговиќ ја отсвири песната на Сандра Африка на гитара и ги остави сите зачудени: „Неко че ми ночас направити сина“

Еспресо

Јована Јеремиќ сепак одлучи да не се мажи повторно: Не сакам деца, а бракот не ми е важен

Еспресо

(Фото) Таа е најбогатата пејачка на Балканот! Заработува 92 милиони годишно, има две фирми и еден вработен

Еспресо

(Видео) Деми Мур ја покажа завидната фигура: Рамен стомак и минијатурно бикини

еспресо

Астропрогноза за четврток, 2 мај: За Водолиите промена на имиџот, за Вагите комуникација

еспресо

Велики четврток: Што (не)треба да правите на овој ден

еспресо
Се вчитува....