Силва: Модриќ и Крос се пример за секое дете

Манчестер Сити и Реал Мадрид во среда од 21 часот во Англија ќе го одиграат реваш натпреварот во четвртфиналето од Лигата на Шампионите. По првиот натпревар резултатот е изедначен (3-3) па очекувањата се дека ќе има нова голема битка за пласман меѓу најдобрите четири тима во Европа.

Натпреварот од страна на „граѓаните“ го најави Бернардо Силва кој беше запрашан што мисли за Тони Крос и Лука Модриќ. Португалецот вели дека тие се неговата инспирација и тие се пример за секое дете.

„Тие се моите примери и мојата инспирација бидејќи горе-доле играме на иста позиција. Работата е во нивната константност, тие играат на ова ниво веќе 15 години, Модриќ уште подолго. Не запираат и покрај се што направија, тие се пример за секое дете кое започнува да игра фудбал, децата треба да се угледаат на нивното однесување на теренот. Гледајќи за одлуките кои ги носат, тие никогаш не размислуваат за себе, туку за целиот тим“, изјави Силва.

Се вчитува...