Ал Келаифи ќе го „одврзе ќесето“: 55 милиони евра за тинејџер кој постигнал само еден гол!?

ПСЖ се подготвува за летниот преоден рок. Сопственикот Насер Ал Келаифи сака да донесе 18-годишник за 55 милиони евра. Луис Гилерме е на мета на ПСЖ, тинејџерот кој игра во Бразил.

Иако вредноста на Гилерме е околу 17 милиони евра, бразилскиот клуб за неговите услуги бара неверојатни 55 милиони евра.

„Клубот нема да намали ниту цент од својата цена, па ако ПСЖ го сака младиот фудбалер ќе мора да го плати тој износ“ – пренесуваат од Палмеирас.

А, Луис Гилерме има 38 натпревари за Палмеирас притоа со само еден постигнат гол. Но, располага со неверојатна техника од која се воодушевени од ПСЖ.

Се вчитува...