Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Како Кун го проследи пенал рулетот на „Итихад“: Агуеро го пцуеше јунакот на Реал (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Серхио Агуеро редовно го следи Манчестер Сити и со цело срце навива за тимот на Пеп Гвардиола, а тоа може лесно да се заклучи и од неговите реакции за време на вчерашниот меч на „Итихад“.

Иако Сити ја диктираше играта и создаде доволен број шанси за повеќе од еден гол, на крајот решаваше пенал рулетот и „граѓаните“ останаа покуси во намерата да се пласираат во полуфиналето, нешто што тешко го прифати и Агуеро.

Напаѓачот кој доби статуа од Манчестер Сити пред стадионот во живо го коментирал натпреварот за „ЕСПН“, а познатиот медиум ги долови и неговите реакции од пенал рулетот.

Како и пред две години, Кун не се штедел при делењето коментари и го пцуел јунакот на Реал Мадрид, бидејќи во дел од видеото се гледа како ја споменува сестрата на голманот Андриј Лунин.

Исто така, може да се забележи дека Кун се надеваше на позитивен исход од пеналите на Начо и Ридигер, но стоперите на Реал го демантираа и се погрижија за фрустрација на неговото лице.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни