Самостојна изложба на слика од Ратко Панчевски во КИЦ во Скопје


Во Културно-информативниот центар во Скопје вечер ќе биде отворена самостојна изложба на слики од Ратко Панчевски.

Со оваа изложба Панчевски го одбележува јубилејот 50 години ликовно творештво.

Ратко Панчевски е роден во 1954 година. Дипломирал на Архитектонскиот факултет во Скопје. Паралено со студиите учи сликарство кај проф. Љубомир Белогаски и Владимир Георгиевски. Работи како проектант на архитектонски објекти и ентериери. Практикува вајарство, како и применета уметност од областа на копаничарството, илустрирање книги и сликање модни детали од свила. Самостојно излагал во Белград, Скопје и Кочани.

Изложбата ќе биде отворена до 20 април.