Де Лаурентис и натаму ќе го убедува Конте да дојде во Наполи!

Првиот човек на Наполи, Аурелио Де Лаурентис повторно се обидува да го убеди Антонио Конте да го превземе клубот во јуни.

По неколкуте одбивања на Конте, работите би можеле да се променат наскоро. Конте не сакаше да доаѓа во клуб во екот од сезоната, но на лето се’ може да се промени.

-Де Лаурентис многу инсистираше за Конте и тоа ќе го стори повторно. Овојпат можеби нема да наиде на затворена врата. Се’ додека Конте е достапен, првиот човек на Наполи ќе го убедува, тврдат новинарите на весникот „Тутоспорт“.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО