Со шест пратеници новиот политички субјект на кумановскиот градоначалник Максим Димитириевски – ЗНАМ влегува во новиот парламентарен состав. Иако не се остварија предизборните симулации кои даваа надеж за десет пратеника, според бројот на гласови кои во првиот круг ги освои претседателскиот кандидат Димитриевски, од ЗНАМ резултатите ги толкуваат како голем успех.
Освен во шестата изборна единица, сите останати носители на листи од ЗНАМ влегуваат во Собранието. Ги прашавме колку се задоволни од постигнатиот резултат, како ќе дејствуваат во Собранието и дали се подготвени за влез во влада?
За атмосферата во штабот на ЗНАМ пред и по објавувањето на резултатите, погледнете во видеото.