ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Туристите одговораат што им недостига во Скопје

Туристите одговораат што им недостига во Скопје

Туристката Хана од Полска ја запознавме додека купуваше сувенири во скопската Чаршија.

За неа ова е прв пат што ја посетува нашата земја и што и остави најголем впечаток е традиционалната храна што се нуди во Старата чаршија и спомениците на културата, додека на прашањето што им недостасува на туристите, таа одговори:
„Ми се допаѓа историјата, навистина ми се допаѓа. Она што им недостасува на туристите, Дефинитивно можам да кажам дека се јавните тоалети“, турист од Полка.

Нечистотијата на градот, инфраструктурата, кучињата скитници и немањето јавни тоалети се главната грижа на туристи кои денеска беа многубројни во чаршијата и на скопскиот плоштад.

„Како турист дојдов пред неколку часа и мислам дека се е во ред, но мислам дека има нечистотија“, рече еден турист.

„Можеби повеќе знаци затоа што понекогаш не можете да го најдете вистинскиот пат и без „гугл мап“ е комплицирано“, додаде друг турист.

„Би рекол инфраструктура, можеби метро станици, автобуси или повеќе информации за туристите за автобусите, знам дека имате добар автобуски систем, но малку е тешко да се пристапи до автобус и треба да одите до станицата, да стоите таму за да стигнете до некаде“, нагласи друг турист.

Во последниот извештај на Државната агенција за статистика, се наведува дека само во месец февруари имало 5.104 туристи од Турција, 3.448 туристи од Србија, 2.679 од Грција и 1.500 туристи од други земји. Бројките покажуваат дека и во јануари и во декември најголем број туристи имало повторно од Турција, но и од другите земји./Алсат.мк

Авни Тахири

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button