Гатузо на големи маки: Мора да бега од мафијата која му се заканува

Според пишувањето на италијанскиот весник „Ил Месаџеро“, Џенаро Гатузо (46) доживува голема драма.

Поранешниот фудбалер на Милан и италијански репрезентативец, сега тренер на Марсеј, води голема борба тимот да се најде во делот од табелата која гарантира европски натпреварувања следната сезона.

Но вистинските проблеми за него се во родната земја Италија. Таму неговото семејство пријавило во полиција дека „Ндрангета“, озлогласената калабриска мафија, им се заканува со смрт поради што Гатузо сака да го исели семејството од Италија.

Се’ започнало кога таткото на Гатузо, заедно со уште еден член од семејството, сакал да постави фото-панели на семејниот имот, проект за кој добил околу 80.000 долари.

За тоа дознала мафијата која се обидела да му изнуди пари од него и побарала да им плати 3.000 евра „за заштита“.

Во меѓувреме мафијата направила неколку работи за да го заплаши познатиот поранешен фудбалер. Двапати го запалиле автомобилот на неговата ќерка и ја демолирале куќата на неговата сестра.

Гатузо попуштил и им ја платил бараната сума пред еден месец, но и натаму стравува за животот на своето семејство. Сите негови надежи сега се свртени кон полицијата, која според последните извештаи, уапсила двајца осомничени.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО