Ништо од фер и спортска атмосфера, прекин на ракометното дерби Вардар – Еурофарм Пелистер

фото: принтскрин/МРТ 3

Првите луѓе на најголемите ракометни клубови во Македонија, Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер се договорија во една фер и спортска атмосфера на организациски план, да помине една од битките која се решава за шампионската титула.

Наместо планираното како што се замислуваше, повторно спортот станува жртва на непотребното насилство во текот на натпреварите.

Најпрвин во 12 минута голманот на Еурофарм Пелистер Лесјак беше погоден со паричка од домашните фанови што доведе до мал прекин пред да продолжи дербито.

Во 17 минута следуваше нов поголем прекин откако домашни навивачи од кај делот на „Комити“ влетаа на теренот и фрлаа предмети кон трибината на гостинските фанови кај што се наоѓаа „Чкембари“ кои пак фрлаа факели.

Играчите на РК Вардар ги смируваа страстите на своите навивачи, а потоа веднаш на теренот се најдоа и полициските сили за да се обезбеди ред и мир на теренот и на трибините.

Ракометарите на двете екипи заминуваа кон соблекувалните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот