Главната синагога во Варшава нападната со три молотови коктели во текот на ноќта, нема повредени

31

„Командата на полицијата добила пријава за обид за палење на синагогата Ножик во Варшава. Полицијата води истрага во врска со тоа“, изјави Јацек Вишњевски од варшавската полиција за полските медиуми.

„Рабинот Шудрих пишува дека некој се обидел да ја запали синагогата со помош на молотов коктел. Фала му на Бога, никој не беше повреден. Интересно, кој се обидува да ја наруши годишнината од нашето влегување во Европската Унија?“, реагира на социјалната мрежа Икс, шефот на полската дипломатија Радослав Сикорски, пренесе Еј-Би-Си њуз.

Таа синагога се реновира од 2008 година.