Поврзете се со нас

Италија

Капитенот Мартинез: Многу ми значи оваа титула, сакаме…

Објавено

на

foto:twitter.com/Inter_en

Интер беше подобар од Милан со 2-1, резултат кој беше доволен за да и официјално „нероаѕурите“ бидат крунисани за шампиони на Италија за натпреварувачката 2023/2024.

Дербито донесе тензија и три црвени картони, Интер официјално е нов шампион на Италија (ВИДЕО)

Избраниците на Симоне  Инѕаги имаат навистина импресивна, доминатна сезона, а судбината сакаше токму против големиот градски ривал да биде заверено 20. Скудето во нивната историја.

-Сега ми доаѓа да плачам затоа што толку напорно работевме, толку многу страдавме, ја заслуживме оваа радост. Ја посветувам на моето семејство во Аргентина, на моите деца, на моите соиграчи и на сите навивачи. Во фудбалот може да се победи и да се изгуби, но јас се чувствувам двојно среќен. Им реков на момците, бевме во ситуација каква што не се случила досега, моравме максимално да ја искористиме оваа можност да победиме на стадионот на „росонерите“, -рече Лаутаро Мартинез за кого ова беше прв пехар како капитен.

-Многу значи, затоа што да се однесе овој голем клуб до титулата со неверојатна група соиграчи, тоа е сè. Сето ова е за навивачите, за нашите семејства, директорите, стручниот штаб, сите што работат покрај нас. Беше прекрасно, мораме да продолжиме по овој пат, бидејќи веќе освоивме многу трофеи и сакаме уште многу, -додаде напаѓачот кој се надева дека ќе најде заедночки јазик со клубот за продолжување на соработката.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни