Беса е шампион во Втората лига и за првпат ќе игра во Првата лига!

Екипата на Беса испиша историја откако ја освои Втората македонска фудбалска лига и за првпат ќе игра во Првата македонска фудбалска лига.

На две кола до крајот Беса и официјално стана шампион во Втората лига, а екипата предводена од Александар Таневски испиша историја со тоа што ќе се натпреварува во елитата на Македонија.

Клубот кој пред неколку години имаше зацртано сериозни цели истите ги реализираше, чекор по чекор. Беса има скор од 23 победи, четири нерешени натпревари и само еден пораз. Го има најефикасниот напад со постигнати 67 погодоци, а ја има и најефикасната одбрана која на 28 натпревари примила само десет погодоци.

Овој викенд Беса ќе го одигра последниот меч на домашен терен против Башкими, а во последното коло ќе гостува во Прилеп кај Победа.

Александар Ванев, М-Нет