Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес променливо облачно време со услови за локален дожд и температура до 18. степени

Охрид, 10. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со услови за повремен локален дожд.

Максималната температура ќе се искачи до 18. степени.

– До петок времето ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град. Дневните температури од четврток ќе бидат во опаѓање, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука