Поврзете се со нас

АБА лига

Радуловиќ: Играчите го оставија срцето на терен, судењето не сакам да го коментирам

Објавено

на

Македонскиот кошаркарски вицешампион Пелистер ја загуби пресметката со Спартак Суботица, а со тоа и шансите за место во плејофот во АБА2 лигата.

Пелистер го загуби клучниот натпревар и го заврши настапот во АБА2 лигата

Нашиот преставник мораше да го добие овој меч, меѓутоа не дојде до посакуватата цел и тоа воедно значаше крај за битолчани кога е во прашање учеството во регионалното натпреварување за кампањата 2023/2024.

-Честитки до Суботица за победата. Одигравме три квалитетни натпревари, со сите ресурси што ги имаме, со цела ротација што ја имавме се боревме максимално квалитетно против веројатно најдобриот тим во лигата. Ние одговоривме и бевме многу блиску. Не сакам да зборувам за судењето, има надлежни затоа и тие треба да судат на кое ниво беше.

-Сега се е завршено за нас. Можам да им честитам на моите играчи за тоа што го оставија на терен, се бореа со срце, се бореа до крај и не се откажуваа, -истакна тренерот Дарко Радуловиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни