Утре во ЖИВО на М Нет: Вардар Неготино – Новаци, од 17 часот

Утре на програмата се натпреварите од претпоследното 29. коло од Втората македонска фудбалска лига, а на телевизија М Нет ќе имате ексклузивна можност преку директен пренос да го следите натпреварот меѓу Вардар Неготино и Новаци, кој ќе се одигра на „Цвај Арената“ во Неготино.

Натпревар во кој повеќе се игра за престиж и сезоната да се заврши на што повисоко место на табелата. Вардар е на седмото место со 39 бодови на своето конто, додека пак Новаци е на 11-тото место со 31 освоен бод.

За домашниот трите бодови ќе значат и прогрес од две места на табелата, додека пак Новаци нема да може да прогресира до крајот од сезоната, односно ќе игра само за да го сочува 11-тото место.

Но, најважно е што двете екипи кои се повратници во Втората лига го обезбедија опстанокот.

Гледајте го соочувањето од Неготино на телевизија М Нет, утре со почеток од 17 часот.

Александар Ванев, М-Нет