Поврзете се со нас

Европски првенства

Мајсторија на Сака, Англија за три минути ја реши Украина (ВИДЕО)

Објавено

на

Селекцијата на Англија ја запиша втората победа во квалификациите за Европското првенство во 2024 година, победа над Украина од 2-0.

„Гордиот албион“ го имаше статусот на фаворит и тоа го оправда на „Вембли“ и тоа со триумф кој беше остварен со два гола за три минути во првото полувреме. Прво Кејн на асистенција на Сака го отвори резултатот во 37 минута, односно три минути подоцна членот на Арсенал со мајсторски погодок го зголеми водството.

Немаше промени до крајот, па четата на Саутгејт шест бода во групата Ц во која е и македонската репрезентација.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни