Лукаревска : Глас за број 1 е глас за членство во Европската унија

По оддржаната средба со граѓаните во Кочани, кандидатката за пратеник Сања Лукаревска, порача граѓаните да излезат на овие двојни избори и да го дадат својот глас и поддршка за бројот 1. Со што укажа дека СДСМ ќе биде партијата која ќе биде запишана во историјата како организирана политичка партија.

„Сакале некои или не, СДСМ ќе биде запишан во историјата како организирана политичка сила која ја врати слободата и ја врати државата на вистинскиот пат. И да не заборавиме дека секогаш најтешките битки ги водел СДСМ, од осамостојувањето до денес“ изјави Лукаревска

И најглавното достигнување сепак за неа останува членството во Европската унија. Децидна е дека оваа можност не треба да се испушти,

„На дофат ни е членството во Европската унија, не дозоволувајте да не тргнат од тој пат. Затоа што се плашам дека алтернативата на тој пат е погубна за сите нас. Број 1 е за Македонија на прво место.„ посочи Лукаревска

На 8 мај се планирани да се оддржат парламентарните и претседтелските избори.

Лаура Стојанова М-Нет