ДУИ: Не уценуваме, бараме еднаквост а ВМРО ДПМНЕ да се изјасни против Русија и за Европа

ДУИ-Не-уценуваме-бараме-еднаквост-а-ВМРО-ДПМНЕ-да-се.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Демократската Унија за Интеграција смета дека ВМРО-ДПМНЕ продолжува еднаквоста во општеството да ја доживува како уцена. ВМРО ДПМНЕ за жал ги отфрла прогресивните идеи поради заробеноста во конзервативниот ум на замислената етничка доминација во заедничката држава, – се вели во соопштението од ДУИ..

– Бараме од ВМРО ДПМНЕ да се надмине себеси, да прифати еднаквост во општеството, и истовремено да се изјасни против Русија, за Европа, како и да се огради од поетските про-Путинистички ставови на нивната некогаш поразена русконосталгична кандидатка Гордана Давкова, – се вели во соопштението од ДУИ.

Демократската Унија за Интеграција смета дека граѓаните на нашата земја се убедени во прогресивните идеи на Али Ахмети и неговиот придонес за стабилноста на државата и нејзино Евро-Американска постројување. Тоа ќе го докажат и на 24 Април и на 8 мај.

Затоа е потребно, сите гласови да се концентрираат на Др. Бујар Османи за да се овозможи измена на Уставот и за изборот на претседател и за уставните амандмани, кои произлегуваат од Договорот за добрососедство со што одлучно ќе се придвижиме кон ЕУ, велат од ДУИ.

Со ова и помагаме на државата, граѓаните, но и на ВМРО и СДСМ затоа што изнајдовме начин за да се постигне се во едно, велат од ДУИ и додаваат дека само со вакви концентрирани напори и поддршка за најсилната албанска партија, ќе ја постигнеме целта и да се оттргнеме од Русија и руското влијание што ја зафати нашата економија, критичната инфраструктура, политичките партии, медиумите, верските заедници, граѓанското општество и има за цел да го дестабилизира нашето општество кревко и мултиетничко, мулти-религиско и мултикултурно, со домино ефект низ целиот регион.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK