Кирби: Бајден е против одделни пакети помош за Украина и Израел


– Портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби изјави дека администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден е против потенцијалниот предлог на републиканците во Претставничкиот дом да им дадат помош на Израел и Украина во два различни пакета.


– Ние не поддржуваме предлог-закон кој го финансира само Израел, бидејќи на Украина и треба муниција, наведе Кирби.


Тој додаде дека претседателот на Претставничкиот дом, Мајкл Џонсон ја добил пораката на администрацијата и престанал да се обидува да ги одвојува пакетите за помош за двете држави.  ми/фото: ЕПА  .

Извор: МИА