Прво приведување на изборите – МВР со детали

од Симе Стоиков

Министерството за внатрешни работи (МВР) попладнево информира за прво лишување од слобода на лице поради претседателските избори.

Настанот се случил во Охрди чиј граѓанин е и приведениот кој поради својата постапка сега ќе одговара пред надлежните органи.

Полицијата во Охрид денеска во 12:15 часот го привела лицето А.И.(48) од Охрид, затоа што го фотографирал гласачкото ливче на Избирачкото место 1271 во Охрид.

Како што соопштија од СВР Охрид, по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава

Слични содржини