Македонците тешко поминуваат на градска, лесно им одат само тестовите

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Желбата да се стане возач на автомобил е голема ама процесот на добивање на возачка дозвола се претвора во вистински предизвик за новите возачи. За стекнување со возачка дозвола од Б-категорија треба добро да се подготвите, почнувајќи од финансиите, процесот на обука и крајната фаза полагањето на теоретскиот и практичниот дел од возачкиот испит.

Блумбер Адроа Анализираше какви возачи се Македонците во споредба со Германците, и зошто полагањето на практичниот и теоретскиот дел ги предомислува младите да возат автомобил. Минатата година според германското Здружение за техничка инспекција (ТУВ) имало рекорден број на издадени возачки дозволи во Германија. Околу 1,97 милиони кандидати го завршиле теоретскиот дел што е за 150,000 повеќе споредено во 2022 година, а практичните испити ги завршиле 1,77 милиони кандидати.

На кандидатите во Македонија теоретскиот дел очигледно им е најлесен во процесот за стекнување дозвола. Во последните пет години само пет проценти од вкупниот број запишани кандидати за возач не успеале да го положат теоретскиот дел.

„Во однос на кандидатите за возач што не го положиле теоретскиот дел од возачкиот испит во изминатиот период од пет години не се забележува тренд на зголемен број на пријавени кандидати што не го положиле теоретскиот дел. Успешноста на положен теоретски дел изнесува 95 отсто од бројот на запишани кандидати“, велат за „Блумберг Адрија“ од Автоиспитниот центар-Скопје.

Европската Унија ги менува правилата за возачките дозволи

Европскиот парламент на почетокот на годинава ја поддржа новата директива за возачките дозволи, чија единствена цел е намалување на сообраќајните незгоди што завршиле со смртни последици. Новите кандидати ќе треба да возат во снежни и влажни услови, мртви агли, да го познаваат системот за помош на возачот, како и безбедно отворања на вратите на возилото. Покрај тоа, на секои 15 години возачите ќе подлежат на здравствени прегледи. Возачките дозволи за мотоцикли, автомобили и трактори ќе важат 15 години, додека за камиони и автобуси пет години.

Извор: Блумбер Адриа