Русија: Двомесечен притвор за новинарка поради „поддршка на тероризам“

од Milan1

Судот во Москва денеска и одреди двомесечен притвор на руската новинарка Надежда Кеворкова поради сомнение за „поддршка на тероризам“, потврди нејзиниот син.

Таа беше приведена во понеделникот по претресот на станот во кој живее, а нејзиниот син Василиј Полонски, исто така новинар, на својот канал Телеграм објави дека нејзиниот притвор ќе трае до 6 јули, пренесува „Ројтерс“.

Адвокатот на Кеворкова, Калој Акилгов, рече дека новинарката е уапсена поради објава на каналот Телеграм за Талибанците, кои Русија ги означи како терористичка организација.

Слични содржини