“Вештачката интелигенција потврди | Лицето на Св. Јосиф на платното на Рафаел “Дамата на роза” е изработено од друг уметник”

403

Професорот Хасан Угаил и неговиот тим од научници од Универзитетот во Бредфорд развиле сопствен алгоритам за вештачка интелигенција кој го анализира стилот на сликите со голема прецизност.

Во случајот на платното “Дамата на роза” од Рафаел, алгоритмот бил обучен со слики кои се сметаат за дела на овој ренесансен мајстор.

Според Угаил, компјутерот го анализирал стилот на Рафаел во најмалите детали, вклучувајќи го ударот на четката, палетата на бои и сенките. Кога го тестираа алгоритмот врз сликата “Дамата на роза”, резултатите покажале дека лицето на Св. Јосиф не е изработено во истиот стил како останатите делови на сликата.

Професорот и неговиот тим веруваат дека лицето на Јосиф може да биде изработено од друг сликар, можеби ученик на Рафаел или друг уметник. Алгоритмот на вештачка интелигенција, според нив, е во состојба да препознае автентичноста на Рафаеловите дела со висока точност од 98 отсто.