Вести Свет

Во Одеса прекинато снабдувањето со струја по последниот руски воздушен напад

Во украинското пристаниште Одеса прекинато е снабдувањето со електрична енергија откако руски воздушен напад оштети високонапонски постројка за електрична енергија, соопшти денеска најголемиот украински снабдувач со енергија ДТЕК.

Ситуацијата е се уште тешка. За да се намали оптоварувањето на мрежата, денеска во градот нема да работи електричен транспорт, а ограничена е и индустриската потрошувачка, објавено е на каналот на Телеграм на ДТЕК, пренесува Укринформ.

ДТЕК додава дека прави се за што поскоро да се врати снабдувањето со енергија на домаќинствата и ги повикува жителите економично да трошат струја.

Соопштено е дека до утринава е вратена струјата во два градски квартови.

Руските сили синоќа ја нападнаа Одеса со неколку групи нападни дронови од Црното Море, чија цел беше енергетската инфраструктура. Остатоците од дрон предизвикале пожар во електрана, кој веднаш бил изгаснат, соопштија градските власти.

Во Николаев 11 лица се повредени од паднати делови од соборен руски дрон од типот Шахед, соопшти регионалната управа на Фејсбук. Како што се наведува, делови од соборениот дрон предизвикале пожар на станбена зграда и два автомобили, а оштетени се и приватни куќи во близина.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Петнаесет работници загинале, 93 биле повредени на работни места лани

Дејан Дејан

Немало потреба од затворски притвор, таткото на Вања можел да се обезбеди и во куќен – Врховен ја објави одлуката

Дејан Дејан

Над 100 уапсени низ САД – се шират пропалестинските протести на американските универзитети

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе