ООУ „Климент Охридски“ во Облешево домаќин на државното првенство во мал фудбал за девојчиња

Основното општинско училиште „Климент Охридски“ од Облешево денес беше домаќин на државното првенство во мал фудбал односно футсал за девојчиња. Во Спортската сала Облешево силите ги одмерија најдобрите четири училиште од Македонија односно победниците од четирите региони, во разигрување за државен првак на Македонија во категорија футсал за девојчиња за основни училишта.

Директорот на Основното општинско училиште „Климент Охридски“, Јорданчо Костадинов за М Нет рече дека нивното училиште е домаќин на овој голем спортски државен настан.

Ова е настан како што кажа и самиот директор на победниците од четири региони кој во Облешево разигруваа за државен првак на Македонија.

На натпреварот покрај домаќинот односно училиштето „Климент Охридски“ од Облешево, настапуваше и училиштето „Браќа Миладиновци“ од Струга, училиштето „Мирче Ацев“ од Скопје, и училиштето „Јосип Броз Тито“ од Валандово.

Нина Атанасовска од училиштето „Мирче Ацев“ од Скопје за М Нет рече дека две години веќе е дел од училишниот клуб во мал фудбал, очекува позитивни резултати, а во нејзиниот тим настапувале ученици од седмо, осмо и деветто одделение.

Уште еден спортски настан преку кој се промовира малиот фудбал во женска конкуренција. Засега во Македонија има Прва и Втора футсал лига во машка конкуренција, а како што објави ексклузивно телевизија М Нет од следната сезона ќе се формира и Трета футсал лига. Овие вакви настани како денешниот во Облешево ќе бидат поттик да се размислува за формирање на футсал лига во Македонија, но во женска конкуренција.

Александар Ванев, М-Нет