„Шорткат“: Штетите од користењето пластика

Новата епизода на „Шорткат“ ќе биде објавена вечерва во 19 часот

Денот на планетата Земја, што традиционално се одбележува на 22 Април, годинава беше посветен на борбата со пластиката и пластичниот отпад. Како производ кој доаѓа од фосилни горива пластиката во целиот свој животен век – од екстракција, до производство и отпад- придонесува за загревање на планетата и го прави невозможно намалувањето на последиците од климатските промени. Пластиката е штетна за здравјето на луѓето и ја загадува животната средина, велат од „Еко свест“.

Повеќе на оваа тема дознајте вечерва во новата епизода на „Шорткат“.

Покрај ова, ќе видиме и што читаат младите во Македонија преку анкетата што ја спроведовме на Саемот на книга, a носиме вест и за рушењето на табуата кога во прашање е менталното здравје кај младите.

„Шорткат“ ќе се емитува вечерва во 19:00 часот на нашите канали на социјалните мрежи ИнстаграмЈутјубТикТок и Фејсбук.