Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Од денеска може да се доставуваат документи за упис на првачиња во новата учебна година

Охрид, 7. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Охридските основни училишта ги објавија огласите за упис на првачиња во новата учебна година.

Во прво одделение можат да се запишат сите деца родени во 2018 година, односно кои до крајот на годинава ќе наполнат шест години.

Од документи родителите/старателите треба да обезбедат извод од матичната книга на родените, државјанство, медицинска потврда за примени задолжителни вакцини, како и потврда за извршен офталмолошки и стоматолошки преглед.

Документите се доставуваат во училиштето почнувајќи од денеска, вторник 7-ми заклучно со 31-ви мај 2024 година. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука