Поврзете се со нас

Италија

Ањели ги воодушеви навивачите на Јувентус со „поздравот“ за шампионската титулата на Интер (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/juventusfc

Андреа Ањели го предводеше Јувентус во една од најуспешните етапи во исторјата на клубот, но како човек кој се уште е максимално приврзан за великанот од Торино, сега го привлече вниманието со последната објава на социјалните мрежи.

Една година по објавата за Суперлигата, Ањели реши првпат да се јави на социјалните мрежи, а иако во прв момент малкумина ги разбраа неговите бројки, медиумите сепак ја дешифрираа пораката на поранешниот претседател на Јувентус.

Ањели на свој начин го проследи триумфот на Интер и освоената 20-та титула во домашното првенство, потсетувајќи дека Јувентус додаде втора ѕвездичка над својот грб во далечната 1982-ра година.

Андреа го напиша датумот од дваесеттиот шампионат на Јувентус во домашното првенство со римски бројки, а притоа го придодае и историското мото на клубот „Фино ала Фине“.

– 16 мај 1982-ра година, – гласи пораката на Ањели која предизвика многу позитивни реакции меѓу навивачите на Јувентус.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни