Вести Економија Топ вести

ЕСМ продажба негира дека има проблеми за фирмите кои се пријавуваат за субвенционирана струја

„Паушални оценки, без аргументи и надвор од вистината“, вака од ЕСМ во своето кусо соопштение ги опишаа критиките и поплаките од фирмите кои чекаат да добијат поевтина струја, од 80 евра за мегават час, за да можат да работат порентабилно. Од државните електрани сметаат дека обвинувањата на дел од бизинисот дека процесот на аплицирање се одвива бавно, се неосновани.

Ваквата реакција од ЕСМ доаѓа откако дел од компаниите се пожалија дека, иако уредно ја доставиле документацијата која е потребна за да добијат поевтина струја, од ЕСМ не добиле повратен одговор за да може да потпишат договор. Побараа од службите во компанијата да бидат побрзи. Од електрани, сепак признаваат дека при секое ново задолжение кое ќе го добијат им е потребно време за да се прилагодат системски.

При секое ново задолжение кое не било дел од тековното работење на Друштвото, потребно е време за воспоставување на системот и процедурите за негово спроведување, набавка и инсталирање на софтвер, обезбедување соодветни ресурси за физичко и правно процесирање на договорите и комуникација со субјектите кои се од цела држава и од различни категории на дејност, се вели во дописот од компанијата.

Од компанијата излегоа и со податоци колку е сработено за бизнсиот да дојде до поевтина струја. Тврдат дека од 1.820 броила за сите правни субјекти Дистрибуција во рок од три дена до овој момент верификува снабдување за повеќе од 1.000 броила, а процесот на проверка на останатите продолжува. Кај 20-на субјекти пак е утврдено дека имаат доставено некомплетна документација. Тие пониски трошоци за струја ќе имаат од први јанаури догодина.

Откако  компаниите се пожалија, а медиумите тоа го пренесоа, вчера на јавно појавуавње на премиерот Ковачевски му беше поставено прашање за процесот на аплицирање. Во неговиот одговор јасно беше потенцирано дека застој во постапката нема. Пред три дена пак, на прес, од владата не посочија проблеми околу пријавувањето на фирмите, туку само ги искритикуваа општините. Ваквите ставови медиумите уредно ги пренесоа во јавноста, но ЕСМ во денешното соопштени, излезе со лекција по новинарство.

Исто така, апелираме на одговорност кај медиумите, односно согласно правилата за известување, да побараат податок и од ЕСМ Продажба, пред да пренесуваат во јавноста критички ставови на лица кои не поседуваат податоци за вистинската состојба, пишува во дописот од ЕСМ.

Околу 230 фирми од први декември треба да добијат поевтина струја. Властите очекуваат по овој потег да ги намалат и цените на производите, а ако тоа не се случи ќе интервенираат со мерка замрзнување на цени.

Алиса Шутиноска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

ДКСК повторно одлучи дека академијата „Павел Шатев“ ги крши законите со тестирање на кандидати во изборен процес

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 19.04.2024

Дејан Дејан

Претседателски избори 2024 – Изборна хроника 19.04.2024.

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе