Утрински Весник
Македонија

Битиќи: Секој човек заслужува достојно живеалиште, градиме и работиме за солидарно општество

Битиќи: Секој човек заслужува достојно живеалиште, градиме и работиме за солидарно општество

Изградбата на станови за семејствата со ниски примања е дел од нашата мисија за заштита на правото секој човек да има достојно живеалиште, изјави денеска во Велес заменик-претседателот на Владата, Фатмир Битиќи, на настанот на „Хабитат Македонија“, на кој се пушти во употреба зграда во населбата Хабитат во Велес, изградена во рамките на традиционалната програма за обезбедување домови за семејства со ниски приходи.

dobivaj vesti na viber

Во својот говор пред присутните Битиќи изјави дека се гордее на фактот што со својата скромна волонтерска работа бил дел од изградбата на оваа станбена единица изградена со макотрпна работа на 1.727 меѓународни волонтери од разни земји со различно етничко и верско потекло.

Ова, истакна вицепремиерот, само ја засилува мојата верба и ме прави поистраен во мојата мисија за изградба на еднакво општество за сите.

„Мисијата на Habitat for Humanity, а тоа е заштита на правото секој да има достојно живеалиште, ја дели и Владата. Во изминатите 4 години изградени се и во фаза на изградба се вкупно 864 станбени единици, кои се наменети за дом на деца без родители, лица приматели на гарантирана минимална помош, лица со попреченост и семејства со лица со попреченост, самохрани родители на малолетни деца, припадници на ромската заедница од социјален ризик и лица погодени од елементарни непогоди. За оваа година предвидени се 2,2 милиона евра за продолжување на изградбата на социјалните станови во Бутел, Велес, Дебар, Пехчево, Сарај и во Кочани“, рeче Битиќи.

Владата на Северна Македонија, изјави Битиќи, работи кон креирање праведно и правично општество преку намалување на социјалната нееднаквост.

„Наша обврска како Влада е да обезбедиме хумани услови за лицата што се соочуваат со економски тешкотии, да ги вклучиме во општествениот живот, со тоа што ќе креираме систем што ќе гарантира еднакви можности за сите“, додаде заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Фатмир Битиќи.

На крајот, искажа благодарност до „Хабитат“ што работат во нашата земја и за поканата да учествува во изградбата на овие згради, а особена благодарност упати кон сите волонтери, кои со мисијата и визијата за хуман, солидарен и свет што го гарантира исполнувањето и почитувањето на основните човечки права придонесуваат за ширење вакви иницијативи и партнерства.

Можете да прочитате

Милановиќ: Во тек се разговори за формирање ново парламентарно мнозинство

Пендаровски со претставка за говорот на омраза, навредите и дискриминацијата од страна на Силјановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ

Митрески: Продолжуваме со континуиран раст на платите, просечна плата 1.100 евра, минимална плата од 600 евра