Како ретко кога, фудбалот е во сенка на останатите спортови, но пак има интересни дуели со зголемени коефициенти

Денешната понуда во Супер типот на Sport Life е посебно интересна затоа што фудбалот не е во прв план. Возбудувањата ќе започнат со неколку интересни тениски дуели најголем дел од мастерсот во Мадрид. Рублев е фаворит за победа и има квота од 1.50, додека многу повозбудливо треба да биде на дуелот на кој за победа на Фриц против Хуркач коефициентот е 1.90.

Рафаел Надал не е во улога на фаворит во дуелот против Чехот Лехецка. За победа на шпанскиот тенисер шансите се рангираат со коефициент 2.04, а за победа на Лехецка е 1.98.

Во кошаркарската Евролига, Олимпијакос да ја победи Барселона е со квота 1.50, а Макаби и Панатинаикос имаат коефициенти над два. Во НБА ќе се одиграат три дуели а во улога на фаворити се Њујорк против Филаделфија, Кливленд во дуелот против Орландо, а Индијана иако игра на гости кај Милвоки, е со квота од 1.75 за победа.

Во понудата има и мечеви од ракометот, хокејот, како и фудбалот. Ал-Хилал, кој доминира во Саудиска Арабија, треба да се радува на гости, а во Англија Ипсвич очекува три бода на теренот на Ковентри.

- Оглас -

Најнови вести