ОФИЦИЈАЛНО: Академија Пандев го претстави Матеј Цветаноски

Како што претходно најави и објави телевизија М Нет, Академија Пандев вечерва го промовираше Матеј Цветаноски како најново засилување за пролетната полусезона од Првата македонска фудбалска лига.

Крилниот напаѓач до крајот на сезоната ќе го носи „сино-белиот“ дрес и ќе биде одлично и големо засилување во нападот на екипата предводена од Александар Васовски.

Цветаноски во Струмица доаѓа од редовите на Партизани од Албанија, а во својата кариера во домашниот шампионат има настапувано за екипите на Шкупи, Вардар, Пелистер и Македонија Ѓорче Петров, додека пак на меѓународната сцена покрај за Партизани има настапувано и за Ѓирмот од Унгарија.

Претходно „пандевци“ ги промовираа Сандро Ембалло, Иван Галевски, Неат Абдулаи, Агрон Руфати, Георгие Јанкулов, Бурхан Мустафа и Марио Врдољак.

Во пролетниот дел Академија Пандев ќе атакува на сигурен и директен опстанок, откако есенскиот дел го завршија на претпоследното место на табелата со 12 бодови.