Поврзете се со нас

Балкан

Николов со нова двоцифрена партија во дресот на Капаклиспор (ВИДЕО)

Објавено

на

Кристијан Николов имаше уште едно двоцифрено издание во дресот на Капаклиспор во втората лига на Турција.

Во пресметката со Баликесир Бујукшехир Беледијеспор македонскиот плејмејкер уфрли 13 поени (4/6 за еден, 0/3 за два, 3/5 за три) со што беше трет стрелец во својата екипа зад Френклин Џуниор кој го одигра скоро целиот меч (39 минути-24 поени) и Хан.

Меѓутоа и ова не беше доволно за Капаклиспор за позитивен резултат, поточно гостите го однесоа целиот плен (95:86).

Со учинок 13-17 тимот на нашиот репрезентативец се наоѓа на 8 место на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни