Динамо ја урна Риека и сега е на чекор до одбрана на титулата во Хрватска

Фудбалерите на Динамо Загреб направија голем чекор кон одбрана на титулата во домашниот шампионат откако славеа со 1-2 на гостувањето кај Риека во дербито на 33. коло во хрватскиот шампионат. Домаќините поведоа со 1-0 со голот на Пјаца од пенал во 49. минута, додека на 1-1 зголеми Бруно Петковиќ во 75. минута. Голема победа за гостите донесе Хоџа со својот гол во 89. минута за 1-2.

Со оваа победа „модрите“ остануваат на врвот на табелата со четири бода повеќе од денешниот противник на три кола до крајот и се имаат во свои раце. Стефан Ристовски на овој меч беше стартер за својот тим и ги одигра сите 90 минути, додека Аријан Адеми во игра влезе во 67. минута.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...