Димитриевски и Рајо добија „тројка“ од Виљареал… (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски и неговиот Рајо Ваљекано имаат лош ден во Ла Лига доживувајќи пораз на гостувањето против Виљареал со 3-0.

Димитриевски беше еден од најслабоценетите од страна на шпанските медиуми во својот тим по трите примени погодоци.

Виљареал поведе со голот на Сорлот уште во 18. минута, а потоа Москера погоди во 69. минута за 2-0. Конечните 3-0 ги постави Сорлот со својот втор гол во 74. минута.


Се вчитува...