(ВИДЕО) НБА лига: „Чудото од Франција“ по стапките на Олајџувон, Робинсон, Џабар…

Виктор Вембанјама стана петтиот играч во историјата на НБА што постигнал најмалку 25 поени, 10 скока и 10 блокади на натпревар.

Французинот, 20-годишниот кошаркар на Сан Антонио спарс, трипл-дабл ефектот, 27 поени (шут од игра 10/14), 14 скока и 10 блокади, плус пет асистенции и две „украдени топки“, го забележа на мечот против Торонто репторс, 122:99.

Со тоа тој им се придружи на НБА легендите како Хаким Олајџувон, Ралф Сампсон, Карим Абдул-Џабар и на поранешната ѕвезда на Спарс, Дејвид Робинсон.

Олајџувон има најмногу трипл-дабл ефекти со блокади откако ваквата статистика почна официјално да се бележи во НБА. Тој тоа го направи 11 пати, еднаш повеќе од Дикембе Мутомбо и двапати повеќе од Робинсон.

Вембанјама кој е дебитант , имаше најмногу блокади по Клинт Капела во јануари 2021 година. За него тоа беше втор трипл-дабл ефект сезонава, првиот без ниту една блокада (16 поени, 12 скока и 10 асистенции!

– Сè потешко е да се блокираат ударите. Морав да вложам дополнителни напори бидејќи сè помалку играчи одат во директен дуел со мене. Како да се плашат помалку, можам да го забележам тоа, изјави тој.

Вембанјама, „чудото од Франција“, кој е висок 2,23 метри, беше пик број еден на НБА драфтот во 2023 година, имаше уште пет асистенции и две украдени топки на мечот на кој Сан Антонио ја прекина серијата од седум порази.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО