Порака до Чурлинов од тренерот на Шалке: Не е во форма, јасно е зошто не игра

Дарко Чурлинов требаше да биде големо засилување за Шалке во вториот дел од сезоната, Македонецот дури и дебитираше со гол за „сино-белите“ од Гелзенкирхен, но во последно време тој речиси и да не добива шанса да ги покаже своите квалитети.

Тренерот Карел Геретс на последниот дуел со Фортуна Дизелдорф не го вклучи Македонецот ниту на клупата за резерви, па пред денешниот дуел со Оснабрик следеше и прашање токму на таа тема. За жал, одговорот е разочарувачки за Чурлинов.

„Дарко Чурлинов не е во форма, јасно е зошто не игра. Можам да кажам дека Чурлинов секогаш е полн со енергија, но имаме екипа со многу фудбалери и играат само оние најдобрите и најподготвените“, одговори тренерот Геретс.

Чурлинов по истекот на позајмицата во Шалке ќе се врати назад во Барнли, но останува да се види дали англискиот клуб ќе смета на македонскиот офанзивец или ќе бара нов купец за негов трансфер во текот на летото.

Се вчитува...