Поврзете се со нас

Италија

Марота го издвои најважниот човек во шампионскиот поход на Интер: Покажа дека е голем победник

Објавено

на

Foto:twitter.com/Inter_en

Бепе Марота според многумина е творецот на овој шампионски тим на Интер, кој вчеравечер и официјално го освои 20-то Скудето во клупската историја на великанот од Милано.

Судбината посака Интер да ја завери титулата со победа над градскиот ривал Милан, а веднаш по последниот судиски свиреж, очекувано следеше голема еуфорија на „Џузепе Меаца“.

Симоне Инѕаги го освои шестиот трофеј како тренер на Интер и се искачи на третото место на вечната листа (седум имаат само Ерера и Манчини), но првиот во Серија А дефинитивно е посебен за тренерот, но и за неговите соработници меѓу кои и спортскиот директор Марота.

– Му ја посветуваме оваа титиула на нашиот претседател Жанг кој го слави трофејот од дистанца. Не можеше да биде тука вечерва со нас, но сите мислиме на него.

– Исто така, мора да му се оддаде признание на Симоне Инѕаги. Тој покажа дека не е само добар тренер, туку и голем победник. Тој е лидер на оваа група и го однесе тимот до највисокото скалило. Им се заблагодарувам и на сите луѓе кои се зад сцената, секој има свој удел во овој успех, направивме Интер да придодаде втора ѕвездичка на своето лого, – изјави Марота.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни