Николоски: Имам сознанија дека има и други случаи како Онишченко во Македонија

Фото: Скриншот/Фејсбук

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски гостуваше во вечерашното издание на емисијата „Тема на денот” на Сител телевизија и истакна дека за случајот Онишченко е прекршен законот за кој вели дека мора да се направат безбедносни проверки и да се направи интервју со лицето, а тој само два дена бил претходно во Македонија.

„Ова воопшто не е наивен случај, ниту е сѐ случајно. Имено, за кое било лице да добие државјанство, кое не е родено во Македонија, мора да се направат безбедносни проверки, но и интервју со лицето, а за да се направи тоа тој мора да е физички присутен во државата. Онишченко вкупно во Македонија пред да добие државјанство, а тоа го добива на 31 мај 2022 година, бил само два дена во Македонија, во декември 2020 година и во април 2022 година, а државјанство добива мај следна година. Во периодот измеѓу не бил присутен што значи прекршен е законот кој вели мора да се направи безбедносна проверка, но исто така и разговор односно интервју“, рече Николоски.

Николоски потсети дека и самата влада кажа дека има пропусти поради неточни податоци и дека тоа е одговорност на МВР.

„Потписот е спротивен на неговото име кое е на О, а потписот на А, веројатно свесен дека прави нешто на работ на законот и затоа покрај одговорност на директорот на АНБ одговорност мора да поднесе и министерот за внатрешни работи и премиерот“, потенцираше Николоски.

Николоски истакна дека има и уште неколку вакви спорни случаи за кои не е направена безбедносна проверка, во случен период и со слично прескокнување на процедурата.

Онишченко за „Слободен печат“: Сакав да купам банка во Македонија, не се гледав со политичари ниту пак планирав бизнис со гас

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот