Поврзи се со нас

Гостивар

Автобуските несреќи во Ласкарци и Бугарија немаат епилог зашто судството е контролирано, реагира АА

Објавено

на

Истрагите за автобуските несреќи на „Дурмо турс“ во Ласкарци и на „Беса транс“ во Бугарија не добиваат епилог поради судството контролирано не само од политиката, туку и од групи кои имаат интереси, смета партијата Алијанса за Албанците.

Нивниот пратеник Аднан Незири на прес-конференција во Собранието рече дека  целата јавност денеска била сведок на скандалозна постапка  на судот.

-Денеска уште еднаш настрадаа семејствата на загинатите во трагедијата во Ласкарци со откажување на седницата со најбанално оправдување дека не е извршено супервештачење. Алијанса за Албанците оценува дека супервештачењето е измислено токму за оваа цел – да се одложат рочиштата и да се заштитат одговорните за трагедијата и сите неправилности поврзани со овој случај, рече Незири.

Посочувајќи дека вчера беше навршена една година и од трагедијата со автобусот на „Беса транс“ во Бугарија, пратеникот во име на Алијанса за Албанците апелираше до органите на правдата да стават крај, како што рече, „на исмејувањето  со жртвите и нивните семејства“.

-Овие скандалозни случаи го прават неопходен ветингот и радикалните реформи во судството, обвинителството и во други органи на државниот систем, додаде Незири.

На новинарско прашање околу преговорите на Алијанса за Албанците за влез во Владата,  тој одговори дека од в.д. претседателот на неговата партија има извештај дека за тоа прашање не е разговарано и доколку има новини, рече, медиумите ќе бидат информирани.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена