Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Челси тврди дека е „ограбен“ против Барселона, фановите се потсетија на контроверзниот меч од пред 15 години

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/FCBfemeni

Лигата на шампионите во женска конкуренција влезе во самата завршница, а од вчера е познат и првиот финалист.

Барселона го победи Челси на „Стемфорд Бриџ“ со 2:0 и го неутрализираше минималниот пораз од првиот натпревар, со што си обезбеди место во големото финале, но и ова соочување на овие две екипи не помина без скандал.

Предводничката на Челси, Ема Хејс тврди дека во Лондон е донесена „најлошата одлука во историјата на ова натпреварување“, а за тоа ја обвини романската судијка Јулијана Деметреску, која и покажа втор жолт картон на Кадиша Буканан во 59. минута од натпреварот.

Барса веќе имаше водство, а во 75. минута реализираше пенал преку Ролфо за конечни 0:2 и пласман во големото финале.

Фановите на Челси се потсетија на контроверзното соочување на машките екипи од истите клубови од пред 15 години, натпревар кој мина во знакот на спорното судење на норвешкиот судија Том Овребо и голот на Иниеста кој ја одведе Барса во финалето.

– Бев изненадена кога видов кој ќе ја дели правдата. Таа е позната како судија кој лесно доделува жолти картони, а мислам дека ова беше веројатно најлошата одлука во историјата на женската Лига на шампиони. Дури и противничките рекоа дека судијата им помогнал, за мене ова не беше прекршок, а не пак и жолт картон, – рекла менаџерката на Челси.

За да биде поинтересно, Барселона на еден од своите официјални профили на „Икс“ го спореди голот на Бонмати со тој на Иниеста од 2009 година.

Денеска од 16 часот се игра француското дерби меѓу ПСЖ и Лион, по кое ќе биде познат и вториот финалист. Лион победи на првиот натпревар со 3:2, а голема чест и одговорност да го води денешниот реванш доби најдобрата македонска судијка, Ива Пројковска.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни