• недела, 12 мај 2024

Интер би можел да го продаде Дамфрис

Интер би можел да го продаде Дамфрис

Милано, 4 мај 2024 (МИА) - Интер би можел да продаде еден од своите клучни играчи. Станува збор за Дензел Дамфрис, тврди трансфер експертот Фабрицио Романо. За него постои силен интерес и може да биде продаден при добра понуда, се наведува и во информацијата.

Договорот на Дамфрис со „нероазурите“ е на уште една сезона. Двете страни се во преговори за негово обновување, но ако тоа не се случи тогаш продажбата на Дамфрис ќе стане императив.

Холанѓанецот е дел од Интер од летото 2021 година и има 129 настапи за тимот, постигнувајќи 10 голови и 20 асистенции.

„Газета дело спорт“ информира дека Интер веќе му нашле замена. Станува збор за 19-годишниот десен бек на Фиорентина - Мајкл Кајоде. дс

Фото: Архива

Остани поврзан