Бизнис

ПРОИЗВОДСТВОТО ВО ГРАДЕЖНИШТВОТО ВО ЕВРОЗОНАТА „ПАЃА“ СЕДУМ МЕСЕЦИ ПО РЕД

18.10.2024

Производство во градежниот  сектор во еврозоната во август е намалено за 2,5 отсто на меѓугодишно ниво, објави денеска Евростат. Производството во градежништвото во Европската Унија во август се намали за 2,4 отсто на меѓугодишно ниво, додека на месечно ниво бележи раст за 0,4 отсто.

Градежните активности во ЕУ бележат континуиран седумесечен пад, а во јули годинава имало годишен пад од 2,3 отсто.

Во август најголемо намалување на градежните активности имало во Бугарија за 5,5 отсто, во Холандија за 2,5 отсто и во Португалија за два отсто.

Најголем годишен пад на градежништвото има во Словенија (17,1 отсто) и Словачка (10,9 отсто).

Германија бележи намалување на градежништвото за 3,8 отсто и Франција за 5,3  отсто.

 


фото freepic   

ПРЕПОРАЧАНО