Press "Enter" to skip to content

“Чкембари“ Битола во саботата со ракометарите во Охрид, в сабота со кошаркарите во Скопје

В сабота започнуваат петте натревари од полуфиналето од кошаркарското полуфинале во кое Пелистер од Битола ќе се бори за финале против екипата на Работнички од Скопје.

Навивачката група “Чкембари“ од Битола најави дека ќе биде на трибините во спортската сала “Кале“ во Скопје на првиот натпревар против Работнички.-После супериорното издание во Охрид и моќта прикажана директно од трибината, ова сабота одиме кон нов ПОХОД, овај пат заедно со кошаркарскиот колектив. Од овај момент нека започни мобилизацијата, битолската екипа спремна за десант на Скопје. Нашето присуство нека биди ветар во грб и чувство дека не си сам во ова битка, заедно одиме кон уште едно историско финале и напад на долгоочекуваната титула, стои во најавата на “Чкембарите“ за сабота. 

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »