Швјонтек и Сабаленка во финалето на ВТА Рим

Двете водечки тенисерки во светот, Ига Швјонтек од Полска и Арина Сабаленка од Белорусија се пласираа во финалето на земјениот ВТА Мастерс 1000 турнир во Рим.

Светскиот женски рекет број еден од Швјонтек во полуфиналето ја совлада Американката Коко Гоф со 6-4, 6-3, додека втората во светот од Сабаленка беше подобра од Американката Даниел Колинс со 7-5, 6-2.

Швјонтек и Сабаленка имаат играно досега десет пати, а Полјачката води со 7-3 во победи. Годинава веќе играа во мадридското финале, а Швјонтек победи со 2-1 во сетови.

За Швјонтек ова ќе биде 25-то финале во кариерата, а досега има освоено 20 турнири, меѓу кои и двата триумфа во Рим (2021, 2022). Од друга страна, Сабаленка досега настапила во 27 финалиња на кои освоила 14 турнири.