Домашната куќа „Мртов коњ“ ќе го објави албумот „МОДА“ на српскиот андерграунд феномен „Клотљуди“

Новиот студиски албум „МОДА“ на српскиот состав „Клотљуди“ излегува на 28 април под новата скопска етикета „Мртов коњ“ – издавачката куќа која е тазе создадена од „Гола Планина Колектив“.

„Извлечен од христијанството каде смртта претставува цел, па така и целта на нашиот правец на дејствување е да се обидеме, со еден, таканаречен- превртен сензационализам да се успориме внатрешно и визуелно со сето она што не опкружува, а во внатрешноста- бонбониери, торти, апокалипса, кајсии, уникатни човечки вресоци и воздишки, надлуѓе кривотворени, вештачки и во голема, однапред одлучена борба за СЛОБОДА (пораз). Оваа смрт е полна со рубини, смарагди и скапоцени камења, блескава е и златна како раниот среден век. THE NEW MIDDLE AGES ARE A COMIN’. Но блескав та уметност од тој период непосредно пред тоа- нешто како Трамп во глич, раскошна самата по себе, безобразна и блажена, прекрасна и мачна- тука е поставена како кредо.

Омотот на „МОДА“

Тука сме да ве натераме да се запрашате дали сте на вистинската страна. Во кикотењето и рикањето на магискиот капитализам, Клотљуди на бината свират протопанк, како што тоа се изведувало во ‘76 и поп на смртта од 2024. Во тунелите на хегемониските претензии ние ќе ги испишеме симболите против забрана на ѕидовите. Слезете и уверете се, Слезете и запознајте ги одамна изгубените браќа и сестри и ќерки и синови, кои штотуку треба да се родат. Слушајте го ‘МОДА’ бидејќи ова е тој поредок. Некои бендови не се бендови. Слушајте го ‘МОДА’ и ширете го зборот“, стои во најавата на Бендкемп на „Мртов коњ“.