Фото: Маја Јаневска-Илиева

Претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова денеска, на првиот круг претседателски избори, извојува убедлива победа против претседателскиот кандидат на СДСМ Стево Пендаровски.
Пред палатата „Христо Татарчев“ во Скопје, поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ ја слават победата со факели и тапани, а собир има и на плоштадот.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по завршувањето на прес-конференцијата на која ја објави победата на Гордана Силјановска Давкова во првиот круг заедно со сопартијците излезе пред седиштето на партијата за да прослави со многубројните поддржувачи кои видно расположени, со патриотски песни го дочекаа со извици „Христијан, Христијан“ и притоа го скандираа името на партијата.