Пад на доларот, нафтата поевтини

На девизните пазари вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути остро падна на почетокот од седмицата.

Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, во претпладневното тргување во понеделникот ослабна за 0,4 отсто, на 105,48 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута потона од 158,33 јени, колку што изнесуваше во петокот на затворањето на тргуваето, на 155,50 јени. Рано претпладнево курсот на доларот првпат од 1990 година се проби над 160 јени, но потоа нагло падна.

Агенциите пишуваат дека сѐ уште не е јасно што предизвикало таков пад на курсот на доларот, но јапонските власти со седмици предупредуваат дека би можеле да интервенираат на пазарот за да го запрат слабеењето на јенот.

Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0730 долари, додека во петокот вечерта изнесуваше 1,0690 долари.

Цените на нафтата, пак, паднаа по минатонеделниот пораст. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево се лизна за 0,89 отсто, на 88,70 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,82 отсто, на 83,15 долари.