Регион

Книжевен разговор со Наташа Сарџоска во Europe House Струмица

Книжевен разговор со Наташа Сарџоска во Europe House Струмица, воден од проф. д-р Ана Витанова Рингачева и поетесата и новинар Сузана Мицева.

Поетесата, писателка, антрополог, литературен преведувач, полиглот, Наташа Сарџоска ги претстави нејзиниот роман „Живот без сведоци“ и поетската книга „Часови по измама“.

Дипломирала италијански јазик и компаративна книжевност со француски јазик на Филолошкиот факултет во Скопје, а магистрирала, во рамките на програмата „Еразмус“, книжевност, културолошки студии и комуникации на Универзитетите во Лисабон (Португалија), Бергамо (Италија) и Перпињан (Франција), со магистерска теза за италијанскиот писател, поет, режисер и драматург Пјер Паоло Пазолини.
Докторирала антропологија на Универзитетот „Еберхард Карлс“ во Тубинген, на Нова Сорбона во Париз и на Универзитетот во Бергамо, а како антрополог истражувала граници, миграции, егзил и бездомност. Предава на Меѓународниот универзитет „Шилер“ во Хајделберг во Германија.

Препорачуваме:

ВИДЕО: Гевгелиската економија – жртва на Ковид пандемијата

Костадинов најави целосна реконструкција на Домот на културата во Куклиш

Се одржа првиот фудбалски турнир, ученици против наставници

Ѓ. K.